Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сушата го загрозува родот на грозјето во Франција - како ќе ги компензираат штетите?

Сушата го загрозува родот на грозјето во Франција - како ќе ги компензираат штетите?

Сушата го загрозува родот на грозје во Франција и се очекува една од најраните берби.

Продолжената суша и високите температури го загрозуваат родот на грозје оваа година во најпознатите винарски региони во Франција, поради што производителите очекуваат една од најраните берби досега и помало производство на вино.

По рекордниот топлотен бран на крајот на јуни, лозјата во Шампањ, Бордо и Бургундија беа погодени од сушен период што траеше неколку недели, што го забави развојот на грозјето и ги оштети младите насади, објави Ројтерс.

Засега, метеоролозите не најавуваат значителни врнежи што би можеле да ја подобрат ситуацијата.

Во Шампањ, бербата би можела да започне околу 15 август, речиси еден месец порано.

Винарите проценуваат дека приносот на грозје ќе биде за околу 10 проценти помал од минатата година, иако дел од дефицитот би можел да се компензира со користење на постојните резерви на вино.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести