Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУРОВО МОРЕ: Потонаа два брода со мигранти крај Грција-се удавија 21 лице!

СУРОВО МОРЕ: Потонаа два брода со мигранти крај Грција-се удавија 21 лице!

Два брода со мигранти потонале во Егејското Море во близина на брегот на Грција, и загинале најмалку 21 лица, а десетици беа спасени, објави Associated Press .

Според АР станува збор за два одделни инциденти. Едниот брод, бродот на кој се наоѓале 48 лица потонал крај брегот на островот Фармакос.

Бројот на патниците во другиот брод останува непознат - тој потонал крај островот Лемнос. Крајбрежната стража успеа да спаси 26 лица.

Спасувачката операција продолжува, трагаат по уште преживеани.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција од почетокот на годината во Европа во Средоземното Море загинаа повеќе од 704 000 мигранти. Најмногу бегалци прифатила Грција - 560 000, во Италија пристигнале 139 500 бегалци. Освен тоа, од почетокот на годината 3200 лица загинаа во морето при обид да дојдат до Европа.

Слично

Поврзани вести