СУРОВА КОНКУРЕНЦИЈА: Кај нив „преживеало“ секое четврто кафуле
Во соседна Србија во годината на претприемништвото „преживеало“ секое 4-то кафуле и секој 3-ти ресторан.
Кога ќе се одлучат да запливаат во претприемнички води, луѓето отвараат кафулиња, ресторани, дуќани за продажба на храна и пијалоци и фирми за деловно советување.
Но, тие фирми најчесто се гасат. Лани повеќе маркети се затворени отколку што се отворени.
Милојко Арсиќ од Економскиот факултет вели дека пазарот е заситен од вакви угостителски објекти и бизниси.
„Градовите се затрупани со кафулиња и ресторани, а само оние кои имаат добра локација и долга традиција можат да преживеат и да заработат“ - вели тој.
Се отвориле и 1.738 фирми за деловно советување, но прашање е дали на српското стопанство кое е на „стаклени нозе“ му требаат толку советници.
Лани се затворени и многу козметички и фризерски салони, па и фирми за такси превоз.
Нема згаснати фирми од сметководствено програмирање.
