Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУРОВА ЕКОНОМСКА РЕАЛНОСТ: Филипче обвинува за свесно туркање на граѓаните во сиромаштија

СУРОВА ЕКОНОМСКА РЕАЛНОСТ: Филипче обвинува за свесно туркање на граѓаните во сиромаштија

Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност- сè е поскапено, а платите стагнираат, обвини лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард – граѓаните живеат полошо. Мицкоски се фали со бројки и проценти за наводен раст на платите. Вистината е дека реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство во јуни порасна само 3,8%, за разлика од лани со економските политики на СДСМ растот беше 11%. За прв пат по долго време, имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм што не смее да се игнорира“, вели Филипче.

Тој вели дека синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари и дека и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот.

„Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од предлозите за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести