Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сурогат мајки во Македонија? Се дебатира законското решение

Сурогат мајки во Македонија? Се дебатира законското решение
Интересот за сурогат мајчинство во Македонија е голем, но надлежните се уште се претпазливи заради правните и етичките дилеми кои постојат. Концептот за предлог закон за добивање дете со помош на сурогат мајка, предвидува барањето за бебе да се овозможи исклучиво за жена во брачна заедница, а сурогат мајката мора да е постара од 21 година и во добра психофизичка состојба. Дебатата за ваквото решение ќе трае шест месеци. "Предвидовме да биде забрането формирање на трговски друштва за сурогат мајчинство, но ова треба да биде тема за дебата. Треба да се разговара дали треба да има или не вакви трговски друштва, бидејќи ако се забранети се појавува друго прашање, како тогаш брачните парови ќе ги наоѓаат сурогат мајките", рече министерот за здравство Никола Тодоров, кој учествуваше на јавна дебата за ова прашање. Според дел од гинеколозите, услови за ваков закон постојат, но еден од најголемите проблеми може да биде отсуството на јавно информирање за жени подготвени за сурогат, како и неможноста за прекин на бременоста. Во Македонија законот се уште не дозволува една жена да го носи бебето на друг брачен пар.
Слично

Поврзани вести