Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сурферот наречен Супермен раскажа како се спаси по 26 часа во морето

Сурферот наречен Супермен раскажа како се спаси по 26 часа во морето

Сурферот Горан Јабланов од Љубљана, кој се изгуби при невреме и се спаси по 26 часа поминати во море, раскажа како остана жив. 

Тој е професор по физичка култура и препливал скоро 40 километри. Исчезна во Хрватска, а излезе од морето во близина на Трст. Вели дека секакви мисли му поминувале низ главата. Повеќе пати мислел дека е готово и се простил од животот. Се борел со ветрови со брзина над 100 километри на час и бранови повисоки од три метри.

„Прво размислував како да ја решам ситуацијата. Прво шро ми падна на памет е дали е сега добар момент да ја оставам даската и да почнам да пливам”, изјави 47 годишниот Јабланов.

Потерата на хрватските спасувачи била прекината вечерта, а наредното попладне, во вторникот биле известени дека Јабланов излегол жив на плажа во близина на Трст.

Откако помина еден ден во болница, поради дехидрираност, тој од денеска е дома.

По него имаше потера со авиони и хеликоптери. 

Медиумите го нарекоа и супермен. 

Тој исчезна заедно со пријател од Хрватска, но тој брзо беше пронајден. 

Слично

Поврзани вести