Економија, финансии, бизнис

Контакт

Супертрејд, Евротим, Пертинакс, Ли-оил ДБ, Блу технолоџи, и РКМ ДООЕЛ - еве кои фирми ги обелодени државата за неправилности со мазутот

Супертрејд, Евротим, Пертинакс, Ли-оил ДБ, Блу технолоџи, и РКМ ДООЕЛ - еве кои фирми ги обелодени државата за неправилности со мазутот

Прекршочни казни се изречени против седумте комапнии, и тоа Супертрејд, Евротим, Пертинакс-Скопје, Ли-оил ДБ Кавадарци, Блу технолоџи Ка-оил Енерџи Кавадарци и РКМ ДООЕЛ, која вршела трговија на мазут без лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите. Со Законот за енергетика кој што беше усвоен пред две години, токму на ова и се обврзавме, а впрочем тоа се и директивите на Европската Унија со кои сме целосно усогласени“, рече Бектеши.

Отстапување на параметрите во Правилникот во делот на поголем процент на вода се утврдени и кај пет цистерни на компанијата Супертрејд. Овие цистерни се вратени кај добавувачот, а при повторниот инспекциски надзор кај оваа компанија, земени се нови три мостри, од кои е утврдено дека се во согласност со Правилникот.

Компанијата „Блу Технолоџи“, како што нагласи, продавала мазут ППД којшто не е деклариран во Правилникот за течни горива и на оваа компанија и е изречено решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ.

Кај компанијата „Санс АГ“ од Штип утврдено е производство на мазут од отпадни гуми и на неа и е изречена забрана за работа и поднесено е барање за одземање на Б интегрираната дозвола.

За овие две компании доставен е допис од Државниот пазарен инспекторат до Државниот инспекторат за животна средина за покренување постапка за одземање на лиценца, поради производство на производ кој го декларирале како мазут, а не соодвествува со параметрите во Правилникот за квалитет на течни горива.

Неправилности се констатирани и кај компанијата „Евротим“ која беше спомената во истражувањето на ИРЛ. Оваа компанија увезувала мазут чии гранични вредности не одговараат со Правилникот.  На неа и е изречена времена забрана за пуштање во промет на мазут. Двете цистерни од кои се земени мостри се вратени кај добавувачот, а дополнително земена е мостра и од складиштето на компанијата за што анализите се очекуваат во текот на денешниот ден.

Кај компанијата РКМ било утврдено дека декларираниот производ не се совпаѓа со царинската тарифа под која е увезен што значи дека еден производ е означен во фактурата, е друг е увезен. На оваа компанија и е наплатен царински долг и прекршоци во вкупен износ од над 24 илјади евра.

Владата претходно најави анализи и од самите бензински станици, но таква анализа денеска не видовме. 

Слично

Поврзани вести