Супермаркетите во Грција се празнат, на одмор со намирници од Македонија?
Пред планирање на вашиот летен одмор во Грција секако со загриженост треба да погледнете на случувањата во земјата. Сепак, работите засега изгледа дека се држат под контрола, но веста што дојде денеска од дописникот на МИА, навистина е алармантна.
Според објавата големите синџири на супермаркети и прехранбената индустрија изразиле голема загриженост за снабдувањето на пазарот од следната недела.
Она што би можело да недостасува се свежо месо, риба и млечни производи, затоа што побарувачката на пазарот во овие категории главно се покрива со увезена стока, а во последно време нарачките се намалуваат.
Освен ова откако почна кризата Грците навалија во супермаркетите, прометот порасна за една третина, па може да ги снема и храната што се расипува како што се тестенини, ориз и грав.
Втората опција е цената на овие дефицитарни производи драматично да порасне, што е логично ако има недостиг.
Затоа, подготвувајте го одморот, но внимателно, можеби нема да е на одмет со себе да понесете и некои намирници.
Слично
