Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУЛТАН ЕРДОГАН: Турскиот претседател се всели во палата со 1.000 соби!

СУЛТАН ЕРДОГАН: Турскиот претседател се всели во палата со 1.000 соби!
Турскиот претседтаел Реџеп Тајип Ердоган се сели во „Белата палата“ на периферијата на Анкара, грандиозна нова резиденција чија изградба чинеше 350 милиони долари. Критичарите за зданието велат дека е одраз на автокартските намери на Ердоган - има површина од цели 200.000 квадратни метри и дури 1.000 соби. Според архитектурата ги спојува модерните стилови со оние од времето на султаните од династијата Селџуци, од кои се разви Отоманската Империја. Белата палата или Аксарај е изградена во заштитениот дел Бештепе, заради што се бунеа и турските еколози. Сепак, најзагрижена е опозицијата, а Републиканската народна партија основана од Ататурк, која тврди дека со оваа палата Ердоган го забрзува преминот во претседателски систем во кој ќе си ја зголеми својата моќ. тие сметаат дека верскиот конзервативец Ердоган со оваа палата зад асебе сака да го остави секуларното наследство на Ататурк, затоа што ја напушта вилата Чанкаја која беше дом за 12 турски пратеници.
Слично

Поврзани вести