Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУГАРЕСКИ: Започна изградбата на 48 социјални станови во Пробиштип

СУГАРЕСКИ: Започна изградбата на 48 социјални станови во Пробиштип

Започна изградбата на 48 социјални стананови во Пробиштип. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески за овој проект на својот фејсбук прфил напиша дека намената на проектот е да се овозможи кров над глава за социјално ранливи категорија на граѓани.

„Отпочнуваме со исклучително значаен проект за изградба на зграда со 48 станови во Пробиштип наменета за ранливи категории на граѓани. Нашата цел е да овозможиме кров над глава, сигурност и подобри услови за живот на оние на кои тоа е најпотребно. Во соработка со АД за станбен и деловен простор оваа година ќе започнеме со изградба на социјални згради и во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес, Скопје и Неготино“, напиша Сугарески.

На почетокот на изградбата на првата социјална зграда во Пробиштип, освен министерот Горан Сугарески, присуствуваа и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.


Фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести