Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугаревски: Собранието не ја контролира Владата, туку исполнува желби на ВМРО-ДПМНЕ

Сугаревски: Собранието не ја контролира Владата, туку исполнува желби на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ ги отфрли сите обвинувања коишти до СДСМ денеска ги упати Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Сугаревски, јавноста знае дека Собранието одамна престана да ја остварува својата уставна надлежност за контрола над извршната власт. Собранието не ја контролира Владата, Собранието ги исполнува желбите на врвот на ВМРО – ДПМНЕ, вели Сугаревски.

„Устаниот суд мора да одлучи за уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство. Затоа што тоа е во интерес и на оштетените граѓани од незаконското прислушкување и од злоупотребата на власта практицирана од ВМРО – ДПМНЕ. Исто така тоа е интерес и за обвинетите побрзо да ја прифатат вистината дека нема бегање од правдата. Уставниот суд треба да е чувар за правниот поредок на државата, а не да ги штити интересите на криминалците. Уставниот суд нека собере храброст, нека одлучи во интерес на граѓаните, а не на фамилијата. Тоа им е основна задача“- додаде Сугарески.

Според него, не може да се поставуваат пратенички прашања во време кога Уставниот суд е актер во математиките на ВМРО – ДПМНЕ за купување на ден на ден како власт.

Додава дека иницијативата беше поднесена во октомври минатата година. Со ваквиот молк чии интереси штити Уставниот суд , со сигурност тоа не се интересите на чесните граѓани, вели Сугаревски.

Слично

Поврзани вести