Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески: Следната година два тендери за патиштата Велес - Свети Николе и Гостивар - Кичево

Сугарески: Следната година два тендери за патиштата Велес - Свети Николе и Гостивар - Кичево

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, коментирајќи го буџетот за 2020, денеска рече дека истиот е развоен и за следната година најави распишување на тендери за магистралните патишта Велес - Свети Николе и Гостивар - Кичево.

Убедливо најмногу пари за инвестирање од градежниот сектор бидат потрошени за железницата  - 2,652 милијарди денари.

„Ќе се потрошат 577 милиони денари повеќе за делниците Бељаковце - Крива Паланка и Крива Паланка - Деве Баир“, рече Сугарески.

Министерот најави 430 милиони денари како суибвенции за превоз на патници во железничкиот превоз и целосна доизградба на магистралните гасоводи во 2020.

Рече дека 446 милиони денари обезбедени од Европска банка ќе бидат наменети за водоводите и канализации, од кои 100 милиони за индустриска зона Визбегово.

„200 милиони денари ќе бидат потрошени за брана на Отиња во Штип, 189 милиони денари за социјални станови, а за за субвенционирање на нови авиолионии - 104 милиони денари“, истакна Сугаревски.

Најави дека ќе се инвестираат пари за инфраструктурата за гранични премини, како и други проекти.




Слично

Поврзани вести