Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугаревски оди во Битола: Кога конечно ќе заврши рехабилитацијата на обиколницата

Сугаревски оди во Битола: Кога конечно ќе заврши рехабилитацијата на обиколницата

Рехабилитацијата на обиколницата над Битола која често пати беше затворена за сообрааќај поради свлечишта кои се појавија во повеќе наврати после големите поплави во Пелагонија во 2015 година наскоро ќе биде целосно завршена.

Денес министерот Сугаревски таму ќе види до каде се градежните работи а друштво во увидот ќе му прават и  Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Месец и пол е временскиот рок кој се дава за завршување на обиколницата а веќе во тек е и  тендер за проектирање нова обиколница, експресен пат од Битола до Меџитлија, но исто така ќе се рехабилитира и стариот пат од Битола до Меџитлија. Покрај ова, ќе има тендер и за проектирање автопат Битола – Прилеп кој ќе се поврзе со експресниот пат кој се гради од Дреново до Фаришка клисура.

Слично

Поврзани вести