Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ го крши Деловникот со тоа што одбива да ја започне седницата
Пратениците од опозицијата нема да присуствуваат на седницата на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, за извештајот на Специјалното јавно обвинителство.
Велат дека така ќе биде се додека ова собраниско тело не почне дебата за тој извештај. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески образложи дека согласно деловникот, присуството на специјалната обвинителка, Катица Јанева не е неопходно за да се расправа по нејзиниот извештај.
„ВМРО-ДПМНЕ го крши Деловникот со тоа што одбива да ја започне седницата. Штом реши да ја отвори седницата и да почне дебата по извештајот на Јанева, ние со задоволство ќе учествуваме, затоа што имаме многу да кажеме“-рече Сугарески.
Поради недоаѓањето на Јанева, собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците претходно трипати ја одложи седницата на која требаше да се расправа за извештајот на СЈО.
Сугарески рече дека извештајот на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски 9 месеци не е ставен на дневен ред во Комисијата и смета дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие незаконското работење на Зврлевски и да не се расправа за неговото непостапување по криминалите.
Слично
