Сугарески: Собранието итно да се одблокира
Поранешниот министер за транспорт и врски и актуелен директор на Царинската управа, Горан Сугарески, повика под итно да се одблокира работата на Собранието за побргу да се донесат економските мерки од петиот сет на помошта за справување со корона-кризата.
„Блокирањето на Собранието во овие услови на пандемија е надвор од секоја логика. Како поранешен пратеник можам да разберам ако за некој закон има повеќе амандмани и filibastering, но блокирањето на Собранието за да не можат да се донесат закони кој се поврзани со економските мерки за граѓаните и компаниите е веќе изживување. Со блокадата никој нема да добие никакви поени, жално е што во ваква здравствена криза најмногу ќе загубат граѓаните. Најитно да се донесат законите за парите да дојдат во рацете на македонските граѓани!“, реагира Сугарески.
Во моментов опозицијата тврди дека единствено со 2.000 амандмани го блокира законот за изградба на новиот Клинички центар, но за законите за помош на компаниите и за граѓаните власта е таа која го нема потребното мнозинство.
