Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески: Претходната Влада знаела за проблемите со новите патишта

Сугарески: Претходната Влада знаела за проблемите со новите патишта

Недостатоците на автопатските делници и проблемите со кои се соочуваме не можат да се решат од денеска за утре. За сите тие проблеми знаела претходната Влада, но не ја информирала јавноста, вели во интервју за Прес24, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

-Јас тврдам дека и Никола Груевски шетајќи се по автопатот Кичево – Охрид точно знаеше за какви проблеми станува збор ама не сакаше да и каже на јавноста. Не е можно да не знаел дека има проблем. И да не ја лажеме јавноста дека треба да само да се продолжи со работа и дека проблемите ќе се решат. Не, ова не  може да се реши за еден ден, вели Сугарески.

Новиот министер за транспорт и врски вели дека владата на СДСМ ќе продолжи со изградба на патишта и дека ќе ги заврши сите почнати проекти за патиштата и на локално и регионално ниво. Посочува дека ќе се обидат да искористат и средства од ИПА фондовите.

-Ние имаме план за изградба на патот Скопје-Блаце, за продолжување на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп како и на патиштата меѓу Штип -  Кочани и Штип - Радовиш кои ги има во програмата на Владата. Значи, патиштата што се почнати ќе бидат довршени. Штом веќе се одвоени пари од буџетот, тие мора да бидат завршени. Не може да се менуваат приоритетите, тоа за што се дале пари на граѓаните мора да биде завршено, не може секоја нова Влада да ги менува проектите. Но оваа Влада ќе оди кон тоа најголем дел од проектите да се финансираат со пари од буџетот, со евтини кредити и пред се преку ИПА проектите кои сметам дека досега не се доволно користени, вели Сугарески.

За разлика од претходната власт, новата влада смета дека на Македонија и е потребен национален авиопревозник, проект на кој ќе се работи, а идеја е охридскиот Аеродром да стане аеродром исклучиво за летови на ниско буџетните компании.

-Се што е направено добро и е во интерес на граѓаните, ќе продолжи. Можеби треба да ги земеме предвид примерите од соседството за правење на јавно – приватно партнерство за реализирање на овој проект. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции и ќе го извлечеме најдоброто решение, потенцира министерот.

Слично

Поврзани вести