Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески повторно го одложи пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци - Штип

Сугарески повторно го одложи пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци - Штип

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, го одложи долгонајавуваното свечено пуштање во употреба на автопатот Миладиновци - Штип.

- Треба да се направат спојките кај натпатникот кај Свети Николе и ќе биде пуштен во употреба за месец, месец и пол дена - рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерството на 6 март го најави свеченото пуштање во употреба на автопатот кој го градеше Синохидро за викеднот што следуваше, но веднаш потоа го затвори со образложение дека се уште не е безбеден.

- јас најмногу од сите сакам да биде пуштен во упшотреба. Но, засега е небзбеден. Се прават корекции на натпатникот кај Свети Николе. Додека не се направат безбедносни корекции не може да се вози, може да се загрозат човечки животи. Не треба да се вози тој автопат на своја рака, затворен е од двете страни додека не се коригираат сите безбедносни аспекти - додаде Сугарески од собраниската говорница.


Слично

Поврзани вести