Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески: Немаше тендери во јануари, затоа нема капитални инвестиции

Сугарески: Немаше тендери во јануари, затоа нема капитални инвестиции

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, денеска изјави дека неочекуваниот мал процент на реализација на планираните капитални инвестиции во јануари за 2019-та се должат на тоа што не се регистрирани нови тендерски договори изминатиот месец.

Евиденцијата за јануари покажа дека се потрошени само 1,09 проценти од планираните 480 милиони евра за патишта, гасификација и други објекти во 2019-та, што наведува на стравување дека е можно да се повтори ланската година кога се потрошија само две третини од планираните средства а на крајот од годината останатите пари мораше да им се дадат на општините за враќање на долгови.

– Сега не е градежна сезона, дел од работите што треба да се сработат се во фаза на тендерирање, така што, нашите очекувања се дека капиталните инвестици ќе бидат многу повисоки од ланската година – изјави Сугарески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“.

Инаку, за оваа година Владата најави дека ќе се потрошат сите предвидени пари за капитални инвестиции, кои инаку се двигател на економскиот раст, затоа што, како што образложија од таму, ќе имаат чиста проектна визија и документација.


Слично

Поврзани вести