Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески најави нов проект од 70 милиони евра

Сугарески најави нов проект од 70 милиони евра

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во синоќешната дебата во Тренд анализана 24 Вести со Лилјана Затуровска рече дека во собраниска процедура влегува закон со кој под надзор од Светска банка треба да бидат одобрени 70 милиони евра за локални патишта чија изградба ќе се одвива истовремено во секоја општина во Македонија.

- Под строга контрола на Светска банка ќе се трошат овие пари. Секоја општина ќе добие по најмалку 500.000 евра од овие пари за изградба на овие локални патишта. Ова е добар проект за кој верувам дека ќе биде поддржан и од опозицијата, рече Сугаревски.

Тој додаде дека изградбата нема да се одвива предизборно, туку дека ќе започне од април следната година кога ќе завршат процедурите со Светска банка и со тендерирањето.

Слично

Поврзани вести