Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески ја укинува легализацијата од 1 евро квадрат

Сугарески ја укинува легализацијата од 1 евро квадрат

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, денеска најави дека со новиот закон нема да може повеќе за едно евро од квадрат да се егализираат дивоградбите и најави дека во вторник ќе ја презентира информацијата и потребата од носење на ново законско решение.

„Комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој Закон. Лицата со социјален ризик се опфатени во тој дел, каналските канализации. Меѓутоа добро е прво да помине информацијата на Влада и предлог Законот да го доставиме и потоа ќе бидете целосно информирани“, изјави Сугарески.

Сугарески ова го објасни така што сите што во меќувреме граделе нелегално ќе си платат казни и комуналии. Ова значи дека повеќе нема да никнуваат нови дивоградби и истите да бидат заштитени по примерот на стариот закон, кој создаде хаос на ова подрачје, туку полесно ќе подлежат на уривање и казните ќе бидат јасни.

Посебни поволности треба да има за  социјалните случаи кои имаат вакви градби, а ќе има и алатки во законот за решавање одредени објекти што порано не биле решени со постојниот Закон за легализација на диовоградби.



Слично

Поврзани вести