Суфицит од милијарда долари има Србија со земјите од ЦЕФТА
За три квартали од 2012 Србија остварила суфицит со земјите од ЦЕФТА во висина од милијарда долари. Ова е резултат на извозот на земјоделски производи, железо и челик, покажува Државната статистика.
Најмногу се извезувале житарки, производи добиени од нив, пијалоци, железо и челик. Во увозот пак најмногу учествувале јагленот, коксот, струјата, зеленчукот и овошјето. Во 2011 суфицитот со земјите од ЦЕФТА изнесувал 1,5 милијарди долари што исто така се должи на извозот на земјоделски производи. Земјите од ЦЕФТА се единстевн пазар со кои Србија редовно има суфицит во трговската размена, а и втор пазар по значење за земјата после ЕУ.
Слично
