Економија, финансии, бизнис

Контакт

Суџубаши смета дека со ЕУ и НАТО ќе и тргне на Македонија

Суџубаши смета дека со ЕУ и НАТО ќе и тргне на Македонија

Со ЕУ и НАТО на Македонија ќе и тргне, смета  главниот извршен директор на Халк банка, д-р Билал Суџубаши.

Тој во интервју за Фактор вели дека најстабилен банкарски сектор има Македонија. 

Тој посочува дека тоа се базира на адекватноста на капиталот на банките, но и на нивото на нефункционални кредити што е на историско најниско ниво. 

„Мислам дека големо влијание ќе има разрешницата на ЕУ и НАТО интеграциите и во случај на позитивен исход ќе има и повеќе инвестиции и поголем раст. Ние и во следниот период нема да ги заборавиме малите и средни претпријатија и добрите корпоративни проекти што исто така се значајни за економијата и додаваат огромна вредност. Паралелно, нема да се заборави и населението и кредитите за него. Со сето ова и дополнително ќе се стимулира растот.“ - посочува Суџубаши во интервјуто кое може да го прочитате тука.


Слично

Поврзани вести