Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судските административци добија помали плати за јуни и јули

Судските административци добија помали плати за јуни и јули

Судските службеници добија помали плати за јуни и јули поради штрајкот.

Платата за јуни им е скратена за 40 проценти како што предвидува законот, а јулската за 20 затоа што штрајк се одржуваше само до средина на месецот, објави Телма.

Штрајкуваа околу 1 800 административци во судовите, а казнети се 1 500. Освен ова тврдат дека решенијата кои ги носеле претседателите на судовите се противзаконски. Не се поединечни за секој административец туку за сите колективно со што им е скратено правото на жалба велат од синдикатот.

УПОЗ ќе поднесе кривични пријави за претседателите на судовите кои потпишале такви решенија и директорот на судскиот буџетски совет. Административците пак преку здружението ќе ги тужат секој пооделно своите претпоставени. Од 18 мај започна штрајкот на судската администрација која бараше повисоки плати и изедначување на методологијата за надоместоци со онаа на судиите и обвинителите. Засега е  неизвесно  дали штрајкот ќе продолжи.

Слично

Поврзани вести