Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судските административци добија помали плати, ќе поднесат кривични

Судските административци добија помали плати, ќе поднесат кривични

Намалена плата за 40% добија  судските административци кои штрајкуваа, соопшти Синдикатот на УПОЗ.

Од Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација велат дека оваа исплата на плати е незаконска и противуставна. Тие најавија кривични пријави за претседателите на судовите и формирање на солидарен фонд за помош на штрајкувачите.

„Со цел Синдикатот на УПОЗ и ЗСА да ги заштитат штрајкувачите од понеделник против претседателите на судовите кои издадоа наредба за кратење на платата ќе поднесат кривични пријави, а во најскоро време и штрајкувачите ќе поднесат поединечни граѓански тужби за надомест на разликата во исплатените плати“ - стои во соопштението.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација  ќе формираат солидарен фонд за штрајкувачите. Парите кои ќе се соберат во фондот ќе бидат наменети за помош на судската администрација која штрајкуваше.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА планираат во текот на идната недела на судиите да им достават уплатници со минимален износ на уплата од 100 евра во денарска противвредност.

„Очекуваме дека претседателите на судовите, бидејќи сметаме дека чуствуваат грижа на совест за незаконското кратење на платите, овој износ ќе го удвостручат“ - велат од УПОЗ и ЗСА.

Собраните средства ќе бидат рамномерно распоредени на сите штрајкувачи. Сметката на Солидарниот фонд е: 200000043542128 депонент Стопанска банка, со назнака помош за штрајкувачите.

Во меѓувреме поради одморите штрајкот е ставен во мирување. Штрајкот за повисоки додатоци на плата за 35% почна на 18 мај.

Слично

Поврзани вести