Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судските административци бараат прием кај министерот Џафери

Судските административци бараат прием кај министерот Џафери

Судските административци денеска повторно протестираат со барање да им се зголемат надоместоците на плата за 35%.

Тие тргнаа од пред зградата на ССМ кон Собрание и стигнаа пред Министерството за правда каде што побараа средба со министерот за правда, Валдет Џафери.

Носат транспаренти на кои пишува „Министре спроведи го владиниот заклучок 35+5%“, „Не бараме преку леб погача тику еднакви правда“, „Министерство за Правда-фабрика за неправда“.  Тие чекаат средба со министерот.

Штрајкот трае веќе две недели. Барањата се испорачани пред месец дена.

Судските административци добија поддршка од Синдикатот на јавна администрација на Хрватска. И Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор, најголемиот сојуз на работниците од јавниот сектор во Европа, ја искажува својата поддршка за борбата на работниците од судската администрација на Македонија за пристојна плата.

Слично

Поврзани вести