Судскиот синдикат најави тужба поради закани
Претседателот на синдикатот на судските работници, Пецо Грујовски, денeска најави дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Основниот суд Скопје 1, секретарот на судот и еден судски полицаец.
Тврди дека тие вршеле големи притисоци врз вработените во овој суд за да не се приклучат кон штрајкот. Грујовски вели дека тројцата им се заканувале на вработените со откази и со казни.
„Пред три години претседателот на сидикалната организација од скопска единица беше исклучен од УПОЗ бидејќи работеше неправилно. Потоа тој формираше нова синдикална организација, а ветуваше работи кои не им ги исполни на членовите. Пред еден месец администрацијата на Основниот суд Скопје 1 повторно се зачлени во УПОЗ и им се придружија на нашите барања. Токму заради ова тие се незадоволни и прават се да ги спречат луѓето да излезат на штрајк“ - рече Грујовски.
Штрајкот во сите судови е во тек и ќе трае се додека администарцијата не добие зголемување на платите за 35%.
