Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судската администрација повторно протестираше пред Министерството за правда

Судската администрација повторно протестираше пред Министерството за правда

Судската администрација и денеска протестираше пред Министерството за правда.

Тие бараат зголемување на платите за 35%. Ако надлежните ги игнорираат велат дека ќе преземат порадикални мерки, а се споменуваше и можноста за штрајк со глад.  Протестираат веќе втора недела и велат дека нема што да изгубат затоа што платите им се под државниот просек.

Претходно на барање на синдикатот преставници на УПОЗ се сретнаа со претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, а од средбата излегоа делумно задоволни. Од УПОЗ велат дека се договориле да не се бараат веќе списоци на лицата кои штрајкуваат и штрајкувачите да не добијат 60% од платата.

Слично

Поврзани вести