Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судската администрација од денеска на штрајк

Судската администрација од денеска на штрајк
По два часа во ходниците на судовите секој ден, вработените ќе искажуваат незадоволство од Законот за судска служба. Ќе се судат само итните случаи, пред се притворските. Претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчевски и генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејановски велат дека на штрајкот ќе излезат судските службеници од сите судови во Македонија,  од 10.30 до 12.30 часот. Штрајкот започнува денеска и ќе се одвива во ходниците на судските згради. „Законот за судска служба има низа суштински и технички грешки, донесен е без темелна расправа и без вклученост на стручната јавност, тој е противуставен и штетен за судската администрација. Законот е нејасен, недоречен, контрадикторен, неприменлив, демотивирачки, ограничувачки и несоодветен за специфичностите на судската служба. Постојано укажуваме на потребата од негови измени“- вели Мирчевски. Штрајкот има поддршка од Синдикатот на УПОЗ. По донесувањето на Законот  поднесуваа забелешки и организираа работни средби со Министерството за правда, а имаше и протестен штрајк на 1 мај. „Но, нашите предупредувања не беа земени предвид. Незадоволството кај судските службеници е навистина големо и немавме друг избор освен да го организираме овој предупредувачки штрајк заедно со Здружението на судска администрација“- објаснува Дејановски. Синдикалците бараат почитување на договорот за покачување на платите и подобри услови за работа. Штрајкот ќе трае во наредните три дена.  
Слично

Поврзани вести