Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судската администрација ќе протестира пред ресорното министерството кое го игнорира штрајкот

Судската администрација ќе протестира пред ресорното министерството кое го игнорира штрајкот

Судската администрација утре повторно ќе протестира пред Министерството за правда.

Тие бараат средба со министерот за правда, Валдет Џафери и зголемување на додатоците на плата за 35%. Од УПОЗ појаснуваат дека ако утре не се сретнат со Џафери, ќе побараат оставка од него.

 „Ако Министерството се чувствува одговорно пред своите граѓани, треба да седне и да разговара. Ако и утре не се состанеме значи нивната последна порака е дека го игнорираат штрајкот, што ќе предизвика други реперкусии“ - кажа претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски.
Следните чекори УПОЗ ќе ги дефинира на состанок што ќе се одржи по протестот.
Во 11 часот протестот ќе почне пред зградата на Сојузот на синдикати, ќе поминат покрај Собранието на Македонија, а потоа ќе продолжат пред Министерството за правда.
Судската администрација штрајкува веќе две недели.
Слично

Поврзани вести