Судската администација штрајкува низ Македонија
Судската администација во државата денеска го започна својот двочасовен штрајк.
Вака ќе биде секој ден сè до исполнување на нивното барање за покачување на платите за 35%.
Штрајкот го организира синдикатот на судските работници УПОЗ и се случува во сите судови, освен во Скопска единица и во основните судови во Крушево, во Кочани и во Гевгелија.
Освен што протестираат на своите работните места, административците ќе протестираат по два часа пред судските згради и тоа од 10.30 до 12.30 часот.
За време на штрајкот единствено ќе се работи на судските предмети како што се притворските, оние кои се однесуваат на странски елемент и дека ќе се издаваат само документи за неосуденост.
Слично
