Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судовите во Македонија ќе штрајкуваат три дена

Судовите во Македонија ќе штрајкуваат три дена
Од синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација, најавуваат тридневен штрајк за 23, 24 и на 25 март. Штрајкот ќе се одржи во сите судови во земјава, а на 25 март е закажан протест. Причина е незадоволство од односот на Министерството за информатичко општество и администрација и запирањето на преговорите околу новите законски решенија, Судската администрација лани имаше предупредувачки штрајк, со кој покажа отпор на некои решенија од Законот за администрација и Законот за судска служба и ги оцени како неповолни за судската администрација. „На разговорите кои ги имавме со одговорни во Министерството беше договорено формирање на работна група која ќе подготви ново законско решение. Групата беше формирана и во дадениот рок е направен текст на новиот закон кој е испратен во министерството. Од тогаш немаме никаква информација за тоа дали текстот е разгледан во министерството, ниту, пак, некој не повика да поразговараме за текстот „- вели претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски. Тој додава дека неколку месеци синдикатот и вработените во судовите се игнорирани за ова прашање и крајно време е да ги потсетат надлежните дека бараат решение.
Слично

Поврзани вести