СУДОВИТЕ ГО ПОДНОВУВААТ ВОЗНИОТ ПАРК: Кој и за колку пари купува луксузни возила
Неколку судови во земјава деновиве распишуваат тендери вредни и над милион денари за набавка на патнички моторни возила.
Основниот суд во Прилеп преку тендер бара да купи лимузина со пет врати во вредност од 847.457 денари.
Како што се забележува најниска цена е критериум за доделување на договорот.
Тендери за купување на луксузни автомобили објавија и битолските судови кои како услови бараат автоматски менувач, минимум 187 коњски сили а вредноста е 27 илјади евра.
Дел од медиумите пренесоа дека возила ќе набавуваат и основните судови во Штип и Велес, скопска и гостиварска Апелација како и Управниот суд во Скопје.
Слично
