СУДОТ ОДЛУЧИ: „Бомбите” нема да се користат како докази
Кривичниот суд донесе одлука со која „бомбите” на опозицијата нема да се користат како докази.
Со одлуката на Кривичниот суд, прислушкуваните разговори се прогласени за неосновани докази во истрагата која треба да го докаже сомнежот за криминалите на високи функционери, кои произлегуваат од снимките.
Одлуката доаѓа една недела откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен за решавање околу прислушуваните разговори.
Кривичниот совет ги отфрлил жалбите на 21 обвинител и ја потврдил одлуката на судијата на претходна постапка со која прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.
Сега се очекува специјалната јавна обвинителка да ги преземе предметите во свои раце.
Слично
