Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот во Хрватска пресече – родителите немаат право да одбијат вакцинација

Судот во Хрватска пресече – родителите немаат право да одбијат вакцинација
Во слична постапка како онаа што е покрената пред македонскиот Уставен суд, хрватските уставни судии ја зазедоа страната на државата и одлучија дека родителите немаат право да одбиваат вакцинација на нивните деца. „Обврската за вакцинирање е во согласност со Уставот и законите“, одлучил хрватскиот Уставен суд по иницијативата на родителите за укинување на задолжителната имунизација на децата. Подносителите на иницијативата, еден хрватски брачен пар и здружението „Живот“, тврдат дека некои од задолжителните вакцини во Хрватска окажале негативни ефекти. Министерството за здравство на Хрватска, пак, аргументираше дека „правото на детето на здрав живот е поголемо од правото на родителите да направат (погрешен) избор“, а Судот овој аргумент го прифати. И во Хрватска, како и во Македонија, невакцинираните деца не можат да се запишат на училиште, а уставните судии и ваквата одредба ја толкуваат како „заштита на правото на детето на здрав живот“.
Слично

Поврзани вести