Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДОТ СЕ ИЗЈАСНИ: Еве зошто нема притвор за никој од „Титаник“

СУДОТ СЕ ИЗЈАСНИ: Еве зошто нема притвор за никој од „Титаник“

Kривичниот суд образложи зошто нема притвор за ниту едно осомничено лице од “Титаник”.

Имено, судот оценил дека жалбите на специјалното обвинителство биле неосновани и дека осомничените нема да вршат притисоци врз сведоци, нема да уништуваат докази и да ја напуштат државата.

За екс министерката Гордана Јанкуловска нема притвор, бидејќи според образложението на Судот таа совесно постапувала додека била на функција и не сторила изборен криминал.

„Не постои оправдан страв дека осомничената Г.Ј. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците“, стои во извештајот на Кривичниот суд.

Во жалбата за одбивање на барањето за притвор за поранешната министерка Јанкуловска СЈО посочува исказ од една од осомничените во случајот „Титаник“ и вработена во МВР.

Јанкулоска пробала  да влијае на една осомничена која има раководна функција во МВР и ја предупредила да не збори против нејзе бидејќи на 24  април доаѓа победа на ВМР, а потоа се ќе биде завршено, а нејзиното молчење ќе се ценело како најголем патриотизам.

-Откако од актуелниот министер осомничената била повикана на разговор во врска со незаконски издадените лични карти, веднаш потоа преку лицето Р.С. преку некакви гаражи и скриени влезови била однесена кај сега осомничената во просториите на ВМР каде било побарано да одговори што кажала кај актуелниот министер, стои во наводите од специјалното обвинителство.

За екс-министерот Миле Јанакиески, СЈО во жалбата наведува дека постои сомнеж осомничниот да ги уништи трагите и да влијае врз сведоци, но сепак жалбата се одбива.

„Не постои оправдан страв дека обвинетиот М. Ј. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците“, посолува судот во извештајот.

За Исмет Гуру СЈО покажала дека кај дел од сведоците веќе постои страв од влијание од негова страна, но сепак Основниот Суд 1 го отфрли и ова барање за притвор, но сепак му одреди дополнителна  мерка за претпазливост, додека Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО.

За актуелниот владин секретар, кривичниот совет одлучил дека Кирил Божиновски не може да влијае на истрагата или на сведоци.

Кривичниот совет и за него оценил дека не може да влијае врз сведоци или да ја напуши државата.

„Не постои оправдан страв дека обвинетиот К.Б. ке ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, наведува кривичниот совет.

Специјалното обвинителство пак  најавува  дека ќе бидат  сослушувани сведоци и потенцијални соучесници од повеќе фирми кои учествувале во финансирање на кампања на која Божиновски бил организатор“, стои во образложението на судот.

Засега од СЈО се без коментар за овие  одлуки на Кривичниот совет.

Слично

Поврзани вести