Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот одреди 30 дена притвор за Верушевски

Судот одреди 30 дена притвор за Верушевски
Основното јавно обвинителство одреди 30 дена притвор за поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски кој беше уапсен вчера околу 22.30 часот. Во соопштението од Обвинителстввото Верушевски не е спомнат со име, туку се наведува дека изречената мерка се однесува за поранешен висок функционер. „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничено лице, кое се товари за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распсркувачки материјали“, се вели во соопштението на Обвинителството, каде не е спомнато имаето на Верушевски. Според соопштението, Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основен суд Скопје поднел Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, пошто судијата определил мерка притвор во траење од 30 дена. Според полициски извори Верушевски бил осомничен и за детска порнографија.
Слично

Поврзани вести