Судот одобри одмрзнување на сметките на Макпетрол и Оилко
Од Основниот суд Скопје 1 – Скопје преку соопштение во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје информираа дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.
Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје.
