Судот одлучи дека апсењето на Борисов било незаконско, тој се заблагодари
Софискиот окружен суд ја поништи како незаконско апсењето и еднодневниот притвор на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Тој беше уапсен на 17 март годинава, а националната полиција мора да му плати 310 лева како трошоци за предметот,.
Решението може да се обжали до Управниот суд. Бугарското МВР соопшти дека ќе се жали и не ги коментира одлуките кои не стапиле во сила.
Партијата ГЕРБ неколку минути откако судот ја соопшти одлуката побара оставка од премиерот Кирил Петков.
- После тоа, господине Петков треба да си поднесете оставка. Вие лично се вклучивте во овааоперација, треба да одговарате лично, повика шефицата на пратениците на ГЕРБ, Десислава Атанасова.
„Му благодарам на бугарскиот суд. Нема никој над законот!“, напиша Бојко Борисов на Фејсбук по решението.
Истата фраза претходно ја напиша премиерот Кирил Петков неколку минути по веста за приведувањето на Борисов, Владислав Горанов и Севделина Арнаудова во истрагата за изнуда од тајкунот Васил Божков.
Тројцата по 24 часа беа пуштени на слобода, обвинителството не ги обвини и им распореди истражител за нова истрага за случајот.
Во своето решение судијата Николај Урумов посочи дека МВР е надлежен орган, но недостасувале задолжителни елементи во документот, како и соодветни податоци за сторено кривично дело.
