Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот одлучи да нема притвор за началникот на Петтата управа

Судот одлучи да нема притвор за началникот на Петтата управа

Кривичниот суд денеска донесе одлука со која го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за Горан Грујевски.

Во соопштението на Судот стои дека предлозите на обвинителството се отфрлаат без детално образложение.

Началникот на Петтата управа е првоосомничен во случајот „Тврдина“ - истрага поврзана со незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите.

Специјалното јавно обвинителствто го сомничи Грујевски како организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.

Горан Грујевски – Началник на Петта управа во МВР му издал усна наредба на второосомничениот Началник на Одделот за координација на УБК да формира Комисија за попис, ништење и бришење на стара опрема во УБК

СЈО има право на жалба  24 часа по приемот на решението на судијата на претходна постапка.

Слично

Поврзани вести