Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот не ѝ ги дава копиите од доказите на Катица Јанева

Судот не ѝ ги дава копиите од доказите на Катица Јанева

Специјалното јавно обвинителство во текот на февруари три пати побарало да му бидат предадени копии од доказите за случајот „Пуч”, но кривичниот суд во Скопје одби да му ги предаде.

Според судот, станувало збор за класифицирани материјали, кои не смеело да бидат предадени бидејќи на тој начин се правело директна повреда на обврската за чувење на вакви информации.

Судијката Љубинка Башевска донела решение со кое се одбива предлогот на СЈО за добивање копии од списите, инофрмираат од Кривичниот суд.

„ Судот утврди дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најнапред како ‘државна тајна’, а потоа со декласификација се набележани со напомената ‘службена тајна’. Од друга страна, се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои ги класифицирале како ‘државна тајна’, па Судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и без одобрение од државните органите кои ги издале” -се вели во образложението на одлуката.

Поради ваквата одлука, специјалното јавно обвинителство побара ново одложување на рочиштето, кое беше закажано за утре, истовремено со судењето за Диво Насеље. СЈО бара до тогаш да му бидат предадени копиите од материјалите за овој случај.

Инаку, во „Пуч“ веќе нема никој притворен. Освен опозицискиот лидер Зоран Заев, во судскиот процес обвинети се и Верушевски, неговата сопруга Соња, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица. Тие се обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема високи државни органи“. Конкретно Заев е обвинет дека на средба со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него и барал техничка влада.

Слично

Поврзани вести