Судот-најкорумпирана институција во Македонија
Корупцијата во Македонија останува сериозен проблем, а институциите се немоќни и пасивни за да се справат со овој криминал. Оваа година, земјава падна на уште две места подолу на листата за индексот на корупција на Траспареси Интернејшнл.
Па сега, Македонија е на 66-то место на листата меѓу најкорумпирани држави. Според податоците, судството, политиката и државните институции се најкорумпирани.
Она што особено е потенцирано е судството и неговото селективно постапување.
„Голем проблем е неефикасноста на правосудниот систем и не само на судството како такво. Ние се соочивме со исклучителна неефикасност и инертност или заробеност на Јавниот обвинител, кој е надлежен да спроведува истраги за да тие стигнат до судот... Во други држави судот не прави разлики меѓу луѓето, сите се еднакви и сите се еднакво достапни на правото и правдата, а кај нас пред правдата не сме сите еднакви, некои се недопирливи“, вели претседателката Слаѓана Тасева од Транспарентност интернационал Македонија.
Тасева потенцира дека и дека влошувањето на состојбата со корупцијата во Македонија е загрижувачко. Според извештајот, во земјава има застој во борбата со корупцијата, а институциите не се ефикасни.
