Судот ќе се изјаснува за случајот „Пуч“
Денеска Основниот суд во Скопје ќе се изјаснува во врска со случајот „Пуч“.
Ќе се решава дали ќе биде прифатено или отфрлено обвинението, односно приговорите на истото кои беа поднесени од страна на адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“.
Тие неодамна побараа судот да го заврши случајот без судење бидејќи сметаат дека нема кривично дело.
Судот одлучил на јавна седница да ги разгледа приговорите на адвокатите, пред да одлучи дали ќе дозволи обвинението да биде испратено на судење. Станува збор за седница за „контрола на обвинението“, задолжителна фаза предвидена во Законот за кривична постапка. Како што пренесуваат дел од медиумите, предметот е доделен кај судијата Горан Бошевски, кој закажа јавна седница за 1 јуни. На седницата ќе присуствуваат и обвинителот, обвинетите и нивните адвокати. Судот ќе ги ислуша аргументите на обвинетите, по што ќе одлучи дали предметот ќе продолжи со судење кај друг судија во Одделот за организиран криминал и корупција или ќе го врати во истрага.
На последното испрашување на Заев му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Тој е четвртоосомничен во случајот „Пуч“.
Неодамна, во овој случај имаше и прва пресуда, кога поранешен вработен во МВР го призна делото и доби три години казна затвор.
Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.
Експертите за овој случај сметаат дека Обвинување за Пуч е сериозна работа.
