Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот ќе одлучи дали ќе и го одземе пасошот на Јанкулоска

Судот ќе одлучи дали ќе и го одземе пасошот на Јанкулоска

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дојде во скопска единица заедно со своите адвокати по покана од судот,  кој ќе  одлучи дали ќе и го одземе пасошот по барањето од Специјалното јавно обвинителство.

Кривичниот совет на скопска единица, денеска освен за одземање на патната исправа на Јанкулоска ќе одлучува и за патните документи на  двајца началници од УБК и еден архивар од Петтата управа, сите осомничени во случајот  Тврдина, кој го отвори СЈО.

За сите нив СЈО предложи неколку мерки на претпазливост. На првоосомничениот Горан Грујевски судијата му одреди притвор, но Кривичниот совет на судот одлучи дека доволна е мерката куќен притвор. Јанкуловска претходно беше пред судија на претходна постапка кога СЈО бараше притвор за неа, за Јанакиевски, Божиновски, Темелко и други осомничени во досието „Титаник“ за изборни нерегуларности. Но,  мерката не и беше определена.

Слично

Поврзани вести