Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот го одби барањето на СЈО за претрес во домот на началникот на петтата управа

Судот го одби барањето на СЈО за претрес во домот на началникот на петтата управа

Од основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека се одбива барањето за претрес во домот на осомничениот Горан Груевски-началникот на петтата управа при МВР.

Од Судот образложуваат дека Судија на претходна постапка постапи по ваквиот предлог при што не се согласи со истиот поради тоа што согласно Законот за Јавно Обвинителствво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа предвидено во чл.5 ст.1 и чл.2 ст.1, Обвинителството (СЈО) има лимитирана стварна надлежност која не произлегува од барањето за издавање наредба за претрес и образложение на истото.

„Согласно чл.17 ст. 1 од ЗКП произлегува дека предуслов на судија за претходна постапка да постапи по барање на ова обвинителство е најпрво со сигурност да утврди дека ова Јавно Обвинителство е стварно надлежно во соодветниот случај кој би произлегол од конкретна содржина на незаконито следење на комуникации.

Од барањето за издавање на наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации.

Од барањето за издавање на наредба во смисла на чл.194 ст.3 од ЗКП не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето.

Поради сето погоре образложено во смисла на чл. 294 ст.2 од ЗКП судија на претходна постапка не се согласува со барањето за издавање наредба за претрес со што предметот се достапува на понатамошно постапување пред Кривичен совет при овој суд“, стои во соопштението објавено на страната на Судот.

„Непосредно по поднесувањето на наредбата за претрес, а по изјавената несогласност на судијата за претходна постапка СЈО до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за истото лице. Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка согласно одредбите на ЗКП каде во Глава XVI се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана“, посочија од Судот.

СЈО веќе потврди дека има налог за претрес, издадена е и наредба за лишување од слобода и поднесен е предлог за притвор.

Обвинителите доставиле барање до судијата да даде налог за претрес во домот на шефот на петата управа, со цел да се обезбедат докази, но судијата одбил, по што СЈО издало налог тој да биде обезбеден за распит. Сепак, не се знае каде е осомничениот.

Горан Груевски е началник на оваа фамозна петта управа при МВР. Управата за оперативна техника или во јавноста позната како „Петта управа“ е обвитканa во мистерија. Сите податоци што влегуваат во неа се доверливи, а затворени се и седниците на собраниската комисија која треба да врши надзор над ова тело. Непознат е дури и бројот на вработените во УБК, ниту структурата на органот со кој тој раководи.

Оваа Управа треба да работи во насока на спречување на активности кои водат кон загрозување или уривање на демократските институции со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал. Таму се слеваат сензитивни информации.

Сепак, по обелоденувањето на прислушуванитѕе разговори главниот сомнеж падна токму на петтата управа, како место од каде се координирал целиот процес.

Слично

Поврзани вести