Судири во Украина и покрај примирјето
Иако украинскиот претседател Петро Порошенко прогласи едностран прекин на огнот, судирите продолжуваат на истокот од Украина.
Во текот на ноќта ранети се девет украински граничари, пренесува РИА новости.
Штабот на „антитерористичките операции“ соопштува дека проруските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските игнорирајќи го мировниот план на Порошенко додека представници на самопрогласената Донјецка Народна Република тврди дека Киев не го оддржува ветувањето за прекинување на огнот и дека се продолжени воздушните удири на украинските сили по Славјанск.
Министерствата за одбрана на самопрогласената Народна Република Луганск (LNR) објави дека вооружените сили на Украина со артилерија пукале кон Русија во пуктот Изварино и дека поради тоа Русија целосно го затворила контролниот пункт како и дека е гранатирана положбата кон контролниот пункт „Должанскоје“.
Синоќа во 20 часот според централноевропско (23 по Московско) стапи во сила декретот на Порошенко за еднстран прекин на огнот, кој ќе трае до 27 јуни.
