Судири во Грција - Грците против мигрантите и исламизација
Два нови инциденти се случиja во Грција поради големиот број бегалци кои ги има низ целата земја.
Во Ореокастро, Солун каде е лоциран еден од големите бегалски центри дојде до судири меѓу националисти, полицијата и анархисти по протест против бегалците во државата, додека пак на островот Хиос повторно беше запален дел од бегалскиот камп Суда.
Во Ореокастро се судрија над 150 лица, дел од нив националисти кои го организираа и учествуваа во протестот против исламизацијата на грчкото општество, дел анархисти.
Имаше физички напади и фрлање со камења, а полицијата употреби солзавец и шок бомби.

Околу 3 часот утрово на Хиос еден бегалец со самостоен протест започнал демонстрации и судири во кампот. Иницијаторот бил приведен, а веднаш штом полицијата заминала, инцидентите ескалирале.
Бегалците започнале да палат дел од кампот незадоволни од условите, при што повеќе шатори се уништени.
