Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судир во Егејско Море - турскиот брод не сакал да застане

Судир во Егејско Море - турскиот брод не сакал да застане

Турски товарен брод се судри со грчки воен брод во источните води на Егејско Море. 

Во судирот немало повредени ниту поголема материјална штета.

Грчката воена морнарица соопшти дека турскиот брод набргу по судирот и отпловил во турските води, и покрај радиопораката од воениот брод, топовницата „Арматолос“, да застане.

Овој судир кај грчкиот остров Лезбос го предизвика турскиот товарен брод, кој ги прекрши меѓународните правила за безбедноста на транспортот, се додава во соопштението.

Топовницата „Арматолос“, долга 55 метри, учествува во НАТО-операциите против шверцување мигранти.

Инцидентот се случи во момент на затегнати односи меѓу Грција и Турција во врска со територијални права.

Слично

Поврзани вести