Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судијата се пожали на здравствени проблеми – одложена пресудата за „Монструм“

Судијата се пожали на здравствени проблеми – одложена пресудата за „Монструм“
Изрекувањето на пресудата за случајот „Монструм“ е одложено заради здравствени проблеми на судијата. Денешното рочиште за предметот поврзан со петкратното убиство кај Смилковското Езеро, на кое тебаше да биде објавена пресудата, се одложува поради здравствени проблеми на судијата, кој не може да присуствува на објавата, соопштија од Судот. Вториот судија, член на судскиот совет, денеска треба само да закаже нов термин во најскоро време кога ќе биде објавена пресудата. Во овој случај обвинети се пет лица кои се товарат за тероризам, а на уште двајца им се судеше во отсуство, бидејќи се наоѓаат во затвор во Косово. Судскиот процес започна во декември 2012 година, а пред десетина дена пред судот протестираа роднините на обвинетите, кои тврдат дека процесот е монтиран. Случајот „Монструм“ доби и политичка позадина, а лидерот на ДУИ Али Ахмети на неколку средби со претставници на меѓународната заедница бара фер судски процес за обвинетите. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 13 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени четирите момчиња од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски (45) од селото Црешево. Според обвинителниот акт во нив било пукано со две автоматски пушки и пиштол од непосредна близина. Први биле ликвидирани четворицата другари од Радишани, а потоа и Стефковски кој бил сведок на злосторот.  
Слично

Поврзани вести