Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судиите уапсени во акцијата „Јустиција“ добија условна казна

Судиите уапсени во акцијата „Јустиција“ добија условна казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дека е постигната спогодба со двајца осомничени во предметот Јустиција.

Спогодбата денеска е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје, кој согласно договореното со Пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело.

 Двајцата осудени лица се поранешни судии, сега во пензија.

Имено, десетина судии од  Судот за прекршоци, како и повеќемина стручни соработници беа уапсени во октомври минатата гоидна во полициска акција под сомнение за злоупотреба на службената положба.

Како што информираа тогаш од МВР, приведените се сомничат дека несовесно постапувале во предметите кои им биле доверени, дел од предметите останувале нерешени и по 2-3 години, со што Буџетот на државата го штетиле за околу 68 милиони денари.

Пред крајот на октомври минатата година приведените судии добија и замена.

Судскиот совет тогаш избра седум судии за Прекршочниот суд, на местото на приведените во случајот „Јустиција“.

Новоизбраните судии започнаа со работа на 1 ноември, а по потреба од почетокот на следната година во овој суд ќе бидат делегирани уште двајца судии.

Полициската акција „Јустиција“ речиси целосно го испразни судот за прекршоци. Вкупно беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет се активни судии. Заедно со 11 стручни соработници во Судот тие се осомничени  за намерно застарување на околу 8.000 судски предмети, со што предивикале штета во Буџетот од 1,3 милиони евра.

По акцијата, во судот останаа само четворица судии, кои решаваа огромен број прекршочни предмети.

Слично

Поврзани вести