Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судиите со правилник ќе ги одмеруваат казните

Судиите со правилник ќе ги одмеруваат казните
Собранието ги усвои измените на Кривичниот законик кои треба да ги отстранат можностите, причините или условите за доведување на граѓаните и компаниите во нееднаква положба пред законот при изрекување на кривичните санкции, но и да го стеснат просторот за манипулации или за определени некоректни однесувања на некоја странка што учествува во судската постапка. Досегашните анализи и истражувања на Министерството за правда и обвинителството покажале дека во Македонија во изрекувањето кривични санкции се забележуваат определени аномалии и недоследности кои ги ставаат граѓаните во нееднаква положба пред законот. Така, за едно исто дело, некои судови изрекувале поблаги, а други потешки и посериозни санкции кон граѓаните, а судиите не го почитуваат законскиот опсег даден за изрекување на казните, или горна и долна граница. Затоа со измените се дава правна основа за донесување Правилник за одмерување на казните, кој треба да го изработи судот, а да го донесе претседателот на Врховниот суд на Македонија, со учество и по обезбедено мислење од Јавниот обинител и од Адвокатската комора. Опозицијата смета дека овие одредби се противуставни и оти со нив се дерогира воспоставениот правен систем. „Не е во ред судиите да судат по правилник, бидејќи тоа го прават согласно законите, Уставот и меѓународните договори“, рече Ердоган Сарач од партијата на Турците. „Јавното обинителство е орган за прогон и тоа не може да ги одмерува казните. тоа го прават судиите и тоа по закони и Устав, а не по Правилник“, рече Горан Сугарески од СДСМ.
Слично

Поврзани вести